(Видео) Погледнете го соборувањето на ирански дрон над Израел


На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа пресретнувањето на ирански дрон над областа Галилеја утрово. Се вели дека станува збор за дрон лансиран утрово во нов бран одмазднички напади од страна на Иран против Израел.
Иако Јордан утрово го отвори својот воздушен простор, израелското Министерство за транспорт вчера објави дека израелскиот воздушен простор ќе остане затворен до понатамошно известување.
Ова важи и за аеродромот Бен Гурион, кој објави дека сите дојдовни и појдовни летови се суспендирани до понатамошно известување. Веб-страницата на аеродромот утрово не беше достапна.
Министерството соопшти дека патниците ќе добијат информации за можни промени преку медиумите „најмалку шест часа пред повторното отворање на воздушниот простор“.
