„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Три години и четири месеци затвор за раководител од Маврово и Ростуше – фатен на дело со поткуп во кафеана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
pari-evra-policija

Основниот кривичен суд Скопје изрече затворска казна од три години и четири месеци за поранешниот раководител на Одделението за урбанизам, комунални дејности, локален економски развој и заштита на животна средина при Општина Маврово и Ростуше, откако обвинетиот С.Е. го призна кривичното дело – примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

— реклама —

Обвинетиот целосно ги прифатил наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Судот, покрај затворската казна, по предлог на јавниот обвинител, одлучи и за конфискација на парични средства во вкупен износ од околу 11.600 евра, пронајдени кај осудениот при претрес. Средствата се конфискувани врз основа на член 98-а од Кривичниот законик, како проширена конфискација, бидејќи нивното потекло не можело да се оправда со законски приходи и постоело уверување дека се стекнати со криминал.

Истражната постапка започна во март 2025 година, кога С.Е. беше фатен in flagranti од страна на полицијата, при прием на 2.000 евра во угостителски објект во Скопје. Според обвинението, тој од јануари 2025 година, во неколку наврати, барал и примал пари во замена за вршење на службени дејствија, кои како член на Комисијата за урбанизам имал службена должност да ги изврши и без надомест.

— реклама —

Во конкретниот случај, од еден подносител на барање побарал износ од 16.000 евра, кој потоа го намалил на 13.000 евра, со договор сумата да се исплаќа етапно – како што напредувала управната постапка. Наводно, дел од парите биле за останатите членови на комисијата со цел побрзо решавање на барањето. За првата фаза побарал 4.400 евра, но при приемот на првите 2.000 евра – беше уапсен на лице место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6noarse0qm4r6RZJLQc

Детали: Авионот кој заврши во Мавровско Езеро е стар повеќе од 60 години

Македонија | пред 6 дена

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Во Маврово падна најмногу дожд и беше најстудено

Македонија | пред 3 седмици

mavr1

МВР со детали за сообраќајката кај Маврово, тешко повредени се млади луѓе

Македонија | пред 3 месеци

mavr1

(Видео) Први снимки од страшната сообраќајка кај клучката Маврово, се судрија дури осум возила, петмина се повредени

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања