Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Светското првенство во лов на крап ќе се одржи на Мавровското езеро – официјално потпишан меморандум за соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-librarydbnd01sar1qf6sBuDIN

Македонија и Мавровското езеро од 2 до 6 септември ќе бидат домаќини на Светското првенство во риболов на крап, прв настан од ваков ранг во спортскиот риболов кај нас, со учество на околу 30 држави. Потпишан е меморандум за соработка меѓу Македонската риболовна федерација, Општина Маврово и Ростуше и НП Маврово за координирани подготовки, промоција на туризмот и одржливо управување со природата. Пред првенството ќе се одржат и државно, балканско и светски куп натпревари, а организаторите повикуваат компании да ги поддржат и спонзорираат настаните.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со особена чест и гордост Ве известуваме дека Македонија и Мавровското езеро оваа година, од 2-ри до 6-ти септември се домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво.

— реклама —

По тој повод, денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонската Риболовна Федерација, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово, со што се означи почетокот на бројни активности поврзани со овој голем спортски настан.

— реклама —

Претседателот на Македонската Риболовна Федерација, Филип Серафимовиќ изјави:

— реклама —

„Со овој меморандум правиме важен чекор кон организација на Светското крапско првенство во Маврово, настан од големо значење за спортскиот риболов и за целиот регион.  Ова партнерство ќе овозможи координирана подготовка и врвна организација на првенството. Посебно ни е важно што на овој начин ја промовираме Македонија како атрактивна дестинација за риболов и спортски туризам. Очекуваме екипи од целиот свет, што ќе придонесе за дополнителна промоција на регионот. Веруваме дека ова првенство ќе биде пример за успешно поврзување на спортот, туризмот и заштитата на природата. Благодарност до сите партнери за поддршката и довербата во овој проект“.

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски изјави:

“Овој настан е од витално значење за нас. Очекуваме значителен прилив на туристи, што директно ќе ја поддржи локалната економија – од угостителските објекти и сместувачките капацитети, до малите локални бизниси во сите наши населени места. Како општина која се гордее со своите природни богатства, преку овој настан го промовираме одговорниот однос кон природата и мавровското езеро како одржлив природен ресурс. Општина Маврово и Ростуше поседува огромен потенцијал да биде елитна европска дестинација. Организацијата на натпревар од ваков ранг е потврда за нашите капацитети и нашата посветеност да создаваме вредности кои ќе значат напредок за сите наши сограѓани“.

Директорот на Националниот парк Маврово, Харис Ибраими изјави:

“Овој значаен меѓународен настан претставува големо признание, но и обврска за сите нас – како институции и како домаќини. Во соработка со Општина Маврово и Ростуше и Риболовната федерација, активно работиме на создавање услови за успешна организација на ова светско првенство. Како институција која управува со едно од највредните природни подрачја во државата, наш приоритет е зачувување на природата и одржлив развој“

Светското крапско првенство во Маврово претставува историски момент за Македонија бидејќи никогаш претходно во делот на спортскиот риболов државата не била домаќин на спортски настан од ваков обем и на вакво ниво. На првенството ќе земат учество екипи од околу 30 држави од светот. Неколку месеци пред одржувањето на истото, на мавровското езеро ќе се организираат и неколку други настани кои се поврзани со светското првенство, како што се државно натпреварување во риболов на крап, балканско првенство во риболов на крап и светски куп во истата дисциплина.

Пред нас е предизвикот и императивот да обезбедиме достојна организација на светски натпревар од највисок ранг, како и да ја претставиме Македонија во најдобро светло пред меѓународната јавност. Од тие причини, ги повикуваме сите компании и општествени чинители кои сакаат да ги помогнат и спонзорираат овие настани да стапат во контакт со нашата федерација и заедно да создадеме успешна приказна за нашата држава и за сите учесници кои ќе дојдат од цел свет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryirfgn5tvc780dhbgEFi

Хаос, безредие на паркинг, мраз на угорници, за`рѓани корпи на жичара - „слатко-горко чувство“ од Маврово

Коментари | пред 2 месеци

media-library94evntgkk593dPh1tRR

Со торта на три спрата и порака на неа почна мандатот на новиот радоначалник на Општина Маврово и Ростуше

Македонија | пред 2 месеци

media-library6noarse0qm4r6RZJLQc

Детали: Авионот кој заврши во Мавровско Езеро е стар повеќе од 60 години

Македонија | пред 3 месеци

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Во Маврово падна најмногу дожд и беше најстудено

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања