Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пожарот кај бачило Ќирилевец во НП „Маврово“ успешно изгаснат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Брзата реакција на Службата за заштита на природата при ЈУНП „Маврово“ спречи пожарот што вчера избувнал во близина на бачило Ќирилевец да се прошири кон едно од значајните живеалишта на дивата коза во Националниот парк „Маврово“.

— реклама —

Огнот бил навреме локализиран и целосно изгаснат, со што било спречено негово понатамошно ширење кон чувствителните природни подрачја.

— реклама —

Од Националниот парк информираат дека ова бил вториот пожар на нивната територија во текот на истиот ден. Оттаму посочуваат дека случајот е уште еден показател за зголемениот ризик од пожари во овој период и за значењето на постојаното присуство на терен и брзото дејствување.

Во гаснењето интервенирала Службата за заштита на природата, чиј состав секојдневно патролира и во тешко пристапни и планински предели со цел да се заштитат природните богатства на паркот.

— реклама —

Од НП „Маврово“ упатуваат благодарност до ренџерите за нивната посветеност, храброст и професионалност, а истовремено апелираат до сите посетители да бидат внимателни и одговорни.

„Еден невнимателен момент може да предизвика непроценлива штета“, предупредуваат од паркот, нагласувајќи дека Маврово е природно наследство што треба да се зачува и за идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryff4t84uoi46s9EiTnvh

НП „Маврово“ го пориби езерото со 400 килограми пастрмка и крап

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во дел од Маврово привремено не е за пиење

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymee54igf1i2c929bGm5

Мавровското Езеро порибено со над два тона крап во пресрет на Светското првенство

Трендови | пред 3 месеци

media-librarydbnd01sar1qf6sBuDIN

Светското првенство во лов на крап ќе се одржи на Мавровското езеро – официјално потпишан меморандум за соработка

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања