Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Хаос, безредие на паркинг, мраз на угорници, за`рѓани корпи на жичара - „слатко-горко чувство“ од Маврово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Коментари
media-libraryirfgn5tvc780dhbgEFi

Актерот Гораст Цветковски преку емотивен и критички осврт од Маврово ја опиша реалноста на еден од најпотенцијалните, но и најзапоставени туристички простори во државата – со мешавина од воодушевување и горчина.

Во објава од бачилото „Трифкова колиба“, Цветковски пишува дека ретко кога почувствувал толку силно „слатко-горко чувство“. Од една страна, ја опишува природната убавина како речиси совршена.

— реклама —

„Во моментов сум во Маврово... во бачилото Трифкова Колиба и не се сеќавам кога последне пат ме облеало вакво слатко-горко чувство.

Седиш и кислород ти ги полни градите. До недоглед белина. Чисти врвови, снег до крајот на светот. Простор за уште 10 стази. Куп насмеани луѓе. Скијачи, бордери, пешаци. По некое залутано бате што го излажале дека ќе му биде забавно дур другите скијаат. Убаво бачило (иако јас сум врзан за претходното). Разумни цени, ок услуга и персонал.

Да му го сликам ова на некој странец и да тагнам Мадона ди Кампиљо ќе ми позавиди. Мерак на душата, ќеив на...

— реклама —

Од друга страна, хаос и безредие на паркинг, излупени огради и рамли, ракохвати што се клатат, неисчистени скалила, мраз скоро на секоја угорница. Излупени столбови, за`рѓани корпи на жичара, излитени седалки. По 3ца луѓе (грешници) задолжени да те прифатат кога се качуваш и симнуваш за да не скршиш глаа. По еден или двајца (грешници) на секој ски лифт за да ти помогнат со котвата. Пристап до бачило замрзнат. Скали... има, ама под снегот.

Внатре ладно. Камен! Еден камин работи, другиот...да е жив и здрав,... Мраз! Масите неизбришани од претходниот ден. Висат мрежни и антенски кабли, темни флеки од влага и мувла на неколку ќошеви и ѕидови. Фората со стакла дека има наша, домашна волна за изолација во ѕидовите е супер... освен што се извадени стаклата па волната е разлетана навака натака.

— реклама —

Во тоалет нема хартија, едната чешма нон стоп тече. Мраз ладно! Рока музика... не можеш мисли да си чуеш...

Не ми беше мука да го искуцам ова, ама ми е мука што немам 1.000.000.697 пари за да го купам и опраам ова.

пс: Да не заборава, да пишам, у бачило е КАМЕН ладно... луѓе искачаат надвор да се згреат!“, напиша Цветковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library85gb8qkl9tmd2XOLiOq

Завршува сезоната за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“, забраната стапува на сила од 1 ноември

Спорт | пред 59 минути

— реклама —
media-libraryff4t84uoi46s9EiTnvh

НП „Маврово“ го пориби езерото со 400 килограми пастрмка и крап

Македонија | пред 1 ден

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Пожарот кај бачило Ќирилевец во НП „Маврово“ успешно изгаснат

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во дел од Маврово привремено не е за пиење

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања