Промени тема
Контакт

Со торта на три спрата и порака на неа почна мандатот на новиот радоначалник на Општина Маврово и Ростуше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library94evntgkk593dPh1tRR

Со свечена торта и симболична порака за чест, одговорност и посветеност кон граѓаните, денеска и официјално започна мандатот на новиот градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. Фотографијата од настанот, на која Јакупоски ја сече тортата со натпис „Со чест, одговорност и посветеност во служба на граѓаните“ и „Честитки за изборот за градоначалник“, го привлече вниманието во јавноста како несекојдневен почетокот на новиот мандат.

— реклама —

Во свечена атмосфера, Јакупоски денеска го прими уверението за градоначалник, со што и формално беше потврдена изборната волја на граѓаните. Уверението му беше врачено од претседателот на Општинската изборна комисија Маврово и Ростуше, Реџеп Агаи.

— реклама —
media-library94evntgkk593dPh1tRR

Тортата, поставена во салата за состаноци и украсена со симболот на општината и датумот 15 јануари 2026 година, беше централниот визуелен елемент на настанот и јасна порака за начинот на кој новиот градоначалник сака да го започне својот мандат – со јавен акцент на одговорноста и отчетноста кон граѓаните.

— реклама —

При примањето на уверението, Јакупоски порача дека функцијата што ја презема ја доживува како голема чест, но и како обврска што носи сериозна одговорност. Тој најави посветена работа за подобрување на условите за живот во сите населени места во општината и нагласи дека мандатот ќе биде насочен кон интересите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Пожарот кај бачило Ќирилевец во НП „Маврово“ успешно изгаснат

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во дел од Маврово привремено не е за пиење

Македонија | пред 2 месеци

media-librarymee54igf1i2c929bGm5

Мавровското Езеро порибено со над два тона крап во пресрет на Светското првенство

Трендови | пред 2 месеци

media-librarydbnd01sar1qf6sBuDIN

Светското првенство во лов на крап ќе се одржи на Мавровското езеро – официјално потпишан меморандум за соработка

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања