Видео и Фото

(ВИДЕО) Пендаровски најавуваше: Мора да му земеме мерка на тој човек што ќе го смени името на државата

На социјалните мрежи се шири видео изјава од кандидатот на СДСМ и ДУИ за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски во кое тој, додека беше опозциоинер тврдеше дека граѓаните  мора да му „земат мерка“ на тој што ќе го смени името на државата.

„Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името, и никој нeма да знае и утре ќе се викаме нe знам како. Е нe може. Мораш да дојдеш во институциите. Во тој момент, јас ви тврдам, сите што беа десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани, колку и да звучи како фраза, душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е. Јас не се сомневам, мислам дека шанси нема за такво нешто, а и ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе“ велеше Стево Пендаровски

Пендаровски најавуваше: Душата ќе му ја извадат на тој што ќе го смени името

Пендаровски најавуваше: Душата ќе му ја извадат на тој што ќе го смени името

Posted by skopje1.mk on Monday, March 25, 2019

На почеток