Македонија

Димовски: Евидентирани се околу 500 пожари за пусти профити на поединци

Членот на извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, на неговиот Фејсбук профил вели дека овој период се забележани преку 500 пожари во Македонија.

„Речиси и да нема место во Република Македонија, каде што не е опожарена шума во последните триесетина дена. Во овој период се евидентирани околу 500 пожари.
Гори од Малешевијата до Галичица. И сите тие пожари неможе да не се намерно запалени. Горат горите, за пусти профити на поединци, ама горат и куќи и овошни насади на луѓето. Им ги горите трудот и маката на луѓето, за да направите бизнис. Им ги горите душите. И никој не презема одговорност. А одговорни сте сите, од тие што ги предизвикуваат пожарите, командир на шумска полиција, министер за земјоделство и шумарство, до премиер. Сторителите не ги барате и не ги наоѓате, оти самите вие сте тие сторители.
Државата ја претворивте во анархо-тоталитарен режим, во кој владеете со сила, во кој предизвикувањето на страв и психоза кај народот ви се алатка да ги држите под пресија. И сето тоа за да останете на власт и да ограбувате. Арам да ви е!
Но, да знаете! Ништо под ова сонце не останало тајна. Се што правите, еден ден ќе излезе на виделина. И ќе одговарате. За сé ќе одговарате, од предавството, до егзодусот и пожарите“, пишува Димовски.

На почеток