Македонија

Заев: Го намалуваме ДДВ-то за гасот на 5%

Премиерот Заев преку својот Фејсбук профил ја информираше јавноста дека донесена е одлука, да се намали ДДВ-то за гасот од 18 на 5%, како дел од мерките за намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот.

„Северна Македонија се гасифицира со брзо темпо. Гасификацијата е една од највредните капитални инвестиции од која очекуваме значајни придобивки за компаниите, за општините, како и за граѓаните, во насока на намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот.

Од тие причини донесовме одлука да го намалиме ДДВ-то за гасот од 18 на 5%. Веќе ги анализираме можностите за субвенции или евтини кредити за приспособување на внатрешните инсталации и опрема за пристап и избор до поевтин еколошки енергенс“, стои во објавата на Фејсбук.

На почеток