Свет

(Видео) Драма на грчка плажа, медицинско лице од Србија спаси петгодишно дете од Македонија

Вистинска драма се одвивала на плажа во Грција во петокот. Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем.

За среќа на плажата во Неа Врасна бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.

За „Утро на Прва”, раскажува што се случило.

Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка.

„Видовме дека детето е во критична ситуација, дека моменти се во прашање.Веднаш почнавме со реанимација”, вели Костиќ.

Кога стигнала брза помош, девојчето веќе било во свесна состојба.

Тој вели не се размислувава тогаш, го оставил и своето тригодишно дете за да помогне.

Родителите на малата Ирина се бескрајно благодарни за помошта која го спасила животот на нивното дете кое сега е во стабилна состојба и за неколку дена ќе излезе од болница.

На почеток