ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДС е сенка на Заев, граѓаните нема да дозволат уназадување на Гази Баба


ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на кандидатурата на Влатко Митовски од СДС за градоначалник на општина Гази Баба, нарекувајќи го „верна сенка на Зоран Заев“ и симбол на „стари, корумпирани и истрошени кадри“.
„Наместо свежи и професионални луѓе, СДС повторно нуди имиња од минатото, познати по скандали, криминал и неработење“, стои во соопштението. Митовски, според ВМРО-ДПМНЕ, не е ново лице туку „дел од сите погрешни политики“ што, како што тврдат, ја уназадиле општината во времето на СДС.
Партијата нагласува дека денес Гази Баба е „вистинско градилиште“ и посочува дека се реализираат проекти во секое населено место, со акцент на улици, училишта, градинки и спортски терени. „Граѓаните ја препознаваат разликата и нема да дозволат развојот да запре“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со порака дека СДС има потреба од „вистински реформи“, ВМРО-ДПМНЕ завршува: „Гази Баба оди напред. Граѓаните избираат работа, развој и напредок, а не враќање во минатото.“
