Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС и Филипче стојат зад насилството на советникот Акиов?

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека зад инцидентот во Советот на Општина Кочани, каде советникот од СДС, Аки Акиов, нападнал административна службеничка, стои партиска стратегија на СДС за предизвикување тензии и прикривање скандали.

„Дали Акиов сам одлучил да нападне, или добил зелено светло од Филипче и Заев? Молкот на лидерот на СДС говори многу. Филипче не се оградува од насилството, што отвора сомнеж за координиран план и прикривање на поврзани лица“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали ова е начин на СДС да го дефокусира вниманието на јавноста и да провоцира хаос во предизборен период. „Кога врвот на партијата молчи, насилството станува стратегија, не инцидент“, порачуваат.

Партијата заклучува дека „СДС останува систем кој ги штити насилниците, наместо да се огради и санкционира своите кадри“.

На почеток