На 30.03.2019 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар над манастирот „Св.Богородица“ во село Матка, при што биле опожарени околу 15 хектари нискостеблеста шума. Во 15.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
На 30.03.2019 во 18.15 часот во Полициското одделение Осломеј било пријавено дека на место викано „Долг Камен“ во атар на село Калешовци настанал пожар, при што била опожарена сува трева, стрништа, смреки, високо и нискостеблеста дабова шума и овошни насади на површина од околу 1000 метри квадратни. Во 19.10 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево.
На 30.03.2019 околу 19.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ц.М.(70) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот во село Кучково, скопско, бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.