Чадот доаѓа од просторот меѓу галеријата на икони кои се со непроценлива вредност и црквата која исто така е од непроценлива вредност и претставува еден од бисерите на наследството од ерата на Византија.
ШТО ПРЕТСТАВУВА ОХРИДСКАТА ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ ? !
Галеријата на икони во Охрид се наоѓа во музејскиот комплекс на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид. Колекцијата опфаќа повеќе икони, но околу 30-тина од нив се оценети како врвни уметнички дела, кои се создавани во еден подолг период од XI до XIX век. Охридските икони се со непроценлива вредност и поради тоа се изложувани на неколку големи светски изложби.
Македонија очигледно е изложена на некаква диверзија бидејќи гори се што може да се оцени како природна вредност, а од утрово ево чади и од дворовите на непроценливото културно наследство.
КАДЕ Е ПОЖАРНАТА, ПОЛИЦИЈАТА, ЗАВОД И МУЗЕЈ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ?
Галеријата на икони во Охрид е едно од нај обезбедените места во градот. Објектот е под 24 часовно физичко обезбедуванје, видео мониторинг, и е обезбеден со сите видови аларми, ко иреагираат и на чад. Како се случува тоа да гори оган во дворот и да чади низ Стар Град Охрид , а никој од надлежните институции да не реагира, па дури ни алармите да не се активираат ќе треба да се даде одговор дополнително, секако ако медиумите го отворат тоа прашање.
Институциите во државата како да се неспособни ни да пронајдат барем еден пироман, неодговорен граѓанин или диверзант кој ги прави овие најблаго кажано луди работи.
Фотографијата на Фејсбук ја објави Владо Жура, новинар во пензија кој на истата стави и духовит коментар.