Кандидатите за претседатели по денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, врз основа на член 8-в од Изборниот законик, во Државната изборна комисија, од утре официјално ја започнуваат изборната кампања.
Стево Пендаровски ќе ја започне својата кампања со митинг во Прилеп, Гордана Силјановкса Давкова во Охрид, а Блерим Река првиот митинг ќе го одржи во Скопје.
Според Изборниот законик, кампањата ќе трае до 19 април, на полноќ, кога ќе започне и изборниот молк.
Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.
Доколку не се постигне цензус од 40% во вториот круг, претседателот на Собранието треба веднаш да распише нови избори.