Свет

Трамп слави, Маск бесен: Американскиот Сенат со тесно мнозинство го изгласа законот за даноци и потрошувачка

Американскиот Сенат со тесно мнозинство го изгласа законот за даноци и потрошувачка на Трамп
По повеќе од 24 часа преговори, американскиот Сенат со резултат 50-50 го изгласа новиот закон за даноци и државна потрошувачка предложен од претседателот Доналд Трамп. Одлучувачкиот глас го даде потпретседателот Џеј Ди Венс, кој лично присуствуваше на гласањето.

Иако сите демократи гласаа против законот, му се приклучија и тројца републиканци – Том Тилис, Ренд Пол и Сузан Колинс – што го доведе исходот во рамнотежа.

Предлог-законот, кој ја зголемува државната задолженост за 3,3 билиони долари, ги вклучува многу од клучните политички приоритети на Трамп, меѓу кои и:

кратење на финансирање за спроведување на федерални судски наредби

ограничувања поврзани со имиграцијата

пошироки овластувања за извршната власт

Сега законот се враќа во Претставничкиот дом за финално одобрување.

Бизнисменот Илон Маск објави анкета на платформата X во која прашува:

„Треба ли да се дозволи укинување на финансирање за спроведување на судски одлуки – како дел од законот за буџет?“

Иако формално насочено кон справување со нелегалната имиграција, Маск предупредува дека ваквата мерка „овозможува и други злоупотреби на претседателската власт“.

Во исто време, Маск ја сподели проценката дека шансите тој да основа нова „Американска партија (America Party)“ до 2025 година скокнале на 41%.

На почеток