Израел го прифати 60-дневниот прекин на огнот; Трамп: „Прифатете ја понудата, следната ќе биде многу полоша“


Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека Израел се согласил на условите за постигнување конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, во рамки на обидите за ставање крај на војната во палестинската енклава.
„Израел се согласи на потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да го прекинеме воениот конфликт“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Катар и Египет, кои „работеа многу напорно на воспоставување на мир“, ќе го достават конечниот предлог.
„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати понудата – бидејќи подобра нема да добијат, само полоша“, заклучи американскиот претседател.
