Македонија

Орел, албанско знаме, без збор за Македонија – албанскиот премиер се шета низ Скопје со ДУИ, Таравари го пофали дека ја носи Европа до Балканот

Во екот на подготовките за претстојните локални избори, албанскиот премиер Еди Рама се појави во Скопје, каде што, наместо вообичаени дипломатски средби, реши да прошета низ Старата скопска чаршија во друштво на функционери на ДУИ и Арбен Таравари. Иако нема најави за официјални состаноци, посетата на Рама предизвика сериозно внимание на социјалните мрежи и во политичките кругови.

На една од објавените фотографии, Рама напиша: „🦅Te Çarshia e Vjetër e Shkupit❤️🇦🇱“ — што во превод значи „Во Старата чаршија на Скопје“. На сликата нема македонско знаме, туку само албанско, а се гледа во друштво на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и со поддржувачи и граѓани, од кои некои се фотографирале, еден од нив облечени во албанска народна носија.

Screenshot

Неговиот престој доаѓа во чувствителен политички момент, кога албанскиот политички блок е во фаза на престројување пред изборите. Иако без официјална агенда, симболиката на посетата и изборот на локација оставаат простор за политичка интерпретација.

Засега нема потврда дали Еди Рама ќе се сретне со државни функционери или ќе одржи јавен настап, но неговата прошетка со претставници на ДУИ низ срцето на Скопје остава силна политичка порака.

Со фотографии од нивната заедничка дружба, се јави и Османи, кој напиша „Премиерот на европска Албанија ја донесе духот на еднаквоста и европската иднина во срцето на Скопје, во Чаир!“.

Screenshot

Објава на социјалните мрежи има и Арбен Таравари, лидер на едно од крилата на Алијанса на Албанците.

„Со премиерот кој ја носи Европа толку блиску до Балканот“, напиша тој со фотографијата.

Screenshot

На почеток