Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Подгответе 16 евра за патарина од Прешево до Белград, српските автопати поскапуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
avtopat

Патувањето по автопатите во Србија ќе стане поскапо од 4 јули, кога стапува на сила најавеното покачување на патарините за приближно 4,2 отсто по километар, информира српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура. За да стапи на сила, потребно е покачувањето да биде формално одобрено и од Владата на Србија.

— реклама —

Новите пресметки покажуваат дека возачите на патнички автомобили кои патуваат од граничниот премин Прешево до Белград, од петок ќе треба да платат 1.970 динари, односно околу 15,85 евра за патарина. За патување од Прешево до Суботица, цената ќе достигне 2.815 динари или приближно 22,64 евра.

— реклама —

Колку ќе чини патарината зависи и од трасата по која се движите. Така, на пример:

— реклама —

Белград – Димитровград: 1.740 динари

— реклама —

Белград – Ниш: 1.170 динари

Суботица – Димитровград: 2.575 динари

Нови Сад – Ниш: 1.490 динари

Ниш – Шид: 1.690 динари

Возачите кои користат електронска наплата (TAG систем) и понатаму ќе можат да искористат одредени попусти, поради што се препорачува оваа опција – особено за оние кои често патуваат по автопатите.

Сепак, надлежните предупредуваат на важен детаљ: доколку патникот ја изгуби картичката што ја добива при влез на автопатот, или истата е оштетена или постара од 24 часа, тогаш може да му биде наплатена патарина за најдолгата делница од трасата, како и дополнителни трошоци за итна административна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8d194cfkfhobdUGNQvW

(Видео) Скандал во Српската лига: Хулигани претепаа тренер среде натпревар

Спорт | пред 7 часа

media-librarypk58vhsufsjn10K3w0Z

(Видео) Студентка од Србија со жесток одговор до новинарка стана вирална

Свет | пред 3 дена

brnabikj

Брнабиќ најави: „Ќе го молиме Вучиќ да се кандидира за премиер“ пред можни вонредни избори во Србија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Одложена средбата меѓу Вучиќ и Тајани

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања