Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ина Многуфина: Стојанче по едно пиво на селаните ќе им плаќал пред кооперации и они ќе биле дронови единици за алармирање од пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
ina-mnogu-fina

Ина Многуфина на ФБ со свој став за состојбата и справувањето со пожарите. Таа вели, никој не излезе да објасни зошто не се купува опрема за пожари секоја година.

— реклама —

„По изјавите на бескрајно харизматичниот и духовит Стојанче во кого некој гледа менаџер ја гледам сериозноста на пристапот. Возила од паркинг на АРМ сочувани левел баба ги возела, пожарникари бараме во јули за 24к плата, пилоти ќе обучуваме од септември веројатно за пожарите во јануари да се спремни и најјакото од се не требало дронови туку Стојанче кој до пред некоја година не го интересирало дали постои ДЗС, сега, пазете ова, ќе им плаќал по едно пиво на селаните пред кооперации и они ќе биле место дронови единица за брзо алармирање за пожари. Демек оние 5 луѓе што се собираат "Кај Миле" на гајбите во Благодарево после 5 пива кога ништо не гледаат ќе го видат пожарот во планината, исто ко дрон, ќе го извадат телефонот и ќе му ѕвонат на Стојанче ваљда да му кажат. И он изгледа ќе дојде со гранката и ќе го истепа огинот кој што го регистрирале кооперација единиците за известување. Ама среќа за пратениците за трошоци и за службени коли немаме ваков проблем. За пожарите нека се засрамат овие што не донирале, буџетот си има свои приоритети. И не треба многу со недоверба да се гледа, треба и вие да им верувате ко тие што му веруваат на народот. Еве во Битола, два месеци стара фирма добила тендер од 2.5 милиони евра од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер. Келнер не можеш да најдеш за 2 месеци не па 330 работници ама ете му верувале. Значи треба да се има доверба и со Господ напред некој нешто ќе донира и се ќе биде ок. Добро?”, напиша Ина Многуфина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu1mdoa04e1iq55TpJT7

„Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“

Коментари | пред 5 дена

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

По трагедија, повторно немарност: Во држава каде 18.000 денари ваучер се продава без фискална, нема лекција што ќе помогне

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

„Дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога?“, Ина Многуфина за разрешениот д-р Кузмановски

Коментари | пред 1 месец

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

„Со вакво хоби, ни маче не треба да му оди на преглед“

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања