Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

„Кога веќе се грозиме од пороци, да видиме што е легално, а не се користи за медицински цели: цигари“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Пушењето е легален порок што не се користи за медицински цели, а остава сериозни последици по здравјето, предупредува Ина Многуфина. Таа посочува дека физичката зависност од никотин трае од 72 часа до две недели, по што останува психичката зависност, која, според неа, може да се надмине со цврста одлука.

Според податоците што ги споделува, промените во организмот започнуваат речиси веднаш по прекинот на пушењето. По 20 минути се нормализираат пулсот и крвниот притисок. По 11 часа, јаглерод моноксидот во крвта се заменува со кислород, што овозможува подобра оксигенација на клетките. По 24 часа се намалува ризикот од срцев удар.

— реклама —

По 48 часа никотинот целосно го напушта телото, а чувството за вкус и мирис почнува да се враќа. Во период до три месеци, функцијата на белите дробови може да се подобри за околу 30 проценти. По една година ризикот од срцеви заболувања се намалува за 50 проценти, по пет години ризикот од мозочен удар се изедначува со оној кај непушачите, по десет години ризикот од рак на белите дробови се преполовува, а по 15 години ризикот од срцеви болести е сличен како кај лица кои никогаш не пушеле.

— реклама —

Многуфина укажува и на финансискиот аспект. Доколку некој пуши по половина кутија дневно, за една година троши околу 500 евра за цигари и минува приближно 23 будни дена во пушење.

— реклама —

Последиците не ги трпат само пушачите. Лицата што живеат со пушачи имаат 25 до 30 проценти поголем ризик од срцеви заболувања, 20 до 30 проценти поголем ризик од рак на белите дробови, како и зголемен ризик од мозочен удар и хронични респираторни заболувања, како астма и бронхитис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryasevv04nqp26dYcoyxm

„Обележувањето на Водно е хаос – безбедноста е на раб, пешакот ги штити децата, ама системот потфрла!“, вели Ина Многуфина

Коментари | пред 17 часа

— реклама —
media-library8llklbb1mcn49hdl1Nu

„Ќе ми недостига мојата омилена шалтерка со полициско-царински хибрид со став!“

Коментари | пред 2 месеци

Screenshot-2022-06-05-093843

„Изгинавме по улици од полусвет“ - во една недела загинаа двајца пешаци

Коментари | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања