Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трагедија во Италија: Авион се урна врз автопат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
avion-2

Две лица загинаа, а најмалку две други се повредени во тешка несреќа што се случи денеска (вторник), кога мал авион се урна на автопат во близина на Бреша, северна Италија.

Според очевидци, авионот во еден момент нагло се завртел во воздух пред да удрил во земјата, по што се запалил, а остатоците се разлетале десетици метри околу местото на ударот.

Нeсреќата се случила помеѓу населените места Флеро и Азано Меја, на делот каде се сече со автопатот А4, еден од најпрометните во земјата. Авионот, долг околу 7 метри, полетал од Грањано Требијенсе и се движел кон север пред да се урне под неразјаснети околности.

— реклама —

Според италијанските медиуми, загинале пилотот и една жена, чиј идентитет сè уште не е официјално потврден. Телата биле целосно изгорени и пронајдени во остатоците од леталото.

— реклама —

Двајца мажи на возраст од 49 и 56 години, кои се нашле со автомобил во близина на местото на падот, се здобиле со повреди. Тие минувале низ облак од огнени остатоци, а поради брзината не успеале да избегнат делови од авионот.

Италијанските воздушни и безбедносни власти отворија истрага за да ги утврдат причините за несреќата. Првичните информации не укажуваат на техничка грешка, но не се исклучува ниту човечка. Поради сложеноста на случајот, истражувачите работат со поддршка на воздухопловни експерти.

— реклама —

Локалните власти изразија сочувство до семејствата на загинатите и најавија дека автопатот ќе биде целосно расчистен и безбеден за сообраќај во текот на денот. Сцената, како што велат очевидци, била „апсолутно шокантна“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj863qim01k3i5jVqpb0

По повеќе од еден месец потрага, во езеро пронајден мртов сопругот на италијанската министерка

Свет | пред 18 часа

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес со јачина од 4,3 степени ја стресе Тоскана

Свет | пред 22 часа

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Црвен метеоаларм во речиси цела Италија поради нов топлотен бран

Свет | пред 3 дена

italija

Македонските возачки дозволи повеќе не се признаваат во Италија

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања