Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Вчера се донесоа два закони со кои се овозможува ново линеарно покачување на пензиите и ваучери за електронски уреди за студентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
mickoski-1

Во текот на денешниот настан во Гевгелија, по повод пуштањето во употреба на новиот булевар „Свети Климент Охридски“ претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар на двата закони кои вчера беа донесени во Собранието, а со кои се овозможува линеарно зголемување на пензиите и ваучери за студентите.

— реклама —

„Она што е важно да се каже е дека вчера поминаа два важни закони; едниот Закон е линеарното зголемување на пензиите, она што пенизонерите го бараа. Тие бараа фер, правично, линеарно зголемувње и со овие нови 2 илјади денари линеарно зголемување, ако се додадат и оние претходните 5 илјади денари, тогаш за 18 месеци имаме линеарно зголемување на пензиите за 7 илјади денари. Ако се спореди ова зголемување со зголемувњата во минатото тогаш доаѓаме до заклучок дека неколкукратно се зголемени пензиите за пензионерите. Дали е доволно ? Не е. Но, дали е повеќе од тоа што било- тогаш апсолутно е 3, 4 пати повеќе од било кој просек да го земете во подолг период. Земете го просекот на претходната Влада на СДСМ во 7 години ќе видите дека во овие 18 месеци за 4 пати е повеќе зголемувањето на пензиите.“ рече Мицкоски.

— реклама —

Премиерот Мицкоски се осврна и на ваучерите за студентите кои се овозможуваат со одлуката донесена вчера во Собранието.

„И да, вториот Закон е законот за кој што студентите на сите универзитети во државата и редовни и вондредни, буквално сите ќе се стекнат со право да добијат ваучер, вредносен бон во вредност од 15 илјади денари кој што ќе го искористат за набавка на електронски уреди кои што понатаму ќе им послужат на нив во текот на студирњето. Така што, овие два закона кои што ги ветивме еве ги испорачуваме. Тоа што во минатото се крадеше, сега се гради и се испорачува за граѓаните.“, заклучи премиерот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8rka6amil0a94Z35YqE

Филипче: Нема храброст кај Мицкоски да признае дека погрешил

Македонија | пред 9 часа

media-libraryds08q1od62ad8PfXuSa

Мицкоски: Далекуводот Битола–Елбасан ја затвора енергетската празнина на Коридор 8

Македонија | пред 2 дена

media-libraryb50468lm6jhn6SRLNQg

Премиерот со критика за академската заедница: „Не може да се тоне и да не се бара решение“

Македонија | пред 2 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања