Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Чаир како политичко боиште: Министер против поранешен министер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
bujar-osmani-mucunski-585x390-1

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, предизвика остра политичка полемика во јавноста.

— реклама —

Муцунски, во интервју за ТВ Канал 5, оцени дека Османи со својата кампања и последните изјави испратил „опасни наративи“ кои, според него, повикуваат на редефинирање на државата и загрозување на нејзиниот унитарен карактер. Министерот вели дека се работи за концепт кој „отвора теми за автономија во одлучувањето“ и можност за „држава во држава“.

— реклама —

– Ова не се наративи на 21-ви век, туку ехо од 19 и 20 век. Македонија е унитарна држава, членка на НАТО, и нема да дозволиме никакви повици за федерализација или конфедерализација. Ќе преземеме проактивни мерки против ваквите обиди – рече Муцунски.

Тој упати критика и кон „оние кои со години се претставуваа како Европејци“, но, според него, се покажало дека една кампања за локални избори била доволна за да се активираат ретроградни идеи.

— реклама —

Муцунски потенцираше дека верува во соживот и истакна дека сите етнички заедници во државата имаат заедничка цел – европска иднина, инвестиции и стабилност, но притоа остро ги осуди политичките пораки кои, според него, го подриваат тој курс.

Поранешниот министер за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагираше преку социјалните мрежи, обвинувајќи го Муцунски за „неразумни потези“ и „опасно неразбирање“ на суштината на Охридскиот рамковен договор.

– Охридскиот договор не го загрозува унитарниот карактер, туку го моделира во функционална мултиетничка демократија. Бадентеровото мнозинство, Балансерот, јазичната еднаквост и децентрализацијата не се закана – туку гаранција за стабилност – порача Османи.

Според него, непризнавањето на Охридскиот договор е директен удар врз темелите на државата, кои, како што вели, не се само внатрешен консензус, туку и меѓународно прифатен модел од партнери како САД и ЕУ.

– Во време кога државата треба да се обедини околу европската агенда, изјави како на Муцунски отвораат непотребен етнички фронт. Тоа не е патот напред – предупреди Османи.

Тој својата реакција ја заокружи со порака дека „Охрид, исто како и Преспа и Договорот со Бугарија, не се проблеми, туку решенија“, алудирајќи дека мултиетничкиот баланс и договорите се темелот врз кој се гради иднината на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

osmani

Османи: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ

Македонија | пред 5 дена

osmani

Бујар Османи ја поздрави двојазичната богослужба во Ростуше како чин на соживот

Коментари | пред 2 месеци

media-librarygjkk3vu7f4kteUCv0nw

Османи: Во Чаир има општонароден отпор кон Мицкоски, по изборите ќе преговараме за заедничко владеење

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Албанците не се алиби за криминал“, му вратија на Османи од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања