Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

„Филмови за плати“ – СДСМ: Изјавите на Мицкоски се навреда за народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
k15

Опозициската СДСМ жестоко реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека платите во земјава растат за 11, 12 и 13 проценти месечно. Според партијата, станува збор за „филмски изјави“ кои се потценување и навреда за граѓаните.

— реклама —

„Каде тоа растат платите по 11, 12 или 13 проценти месечно? Ако е така, тогаш за шест месеци тие би пораснале за 66%, а за десет месеци дури за 110%. Граѓаните знаат дека реалноста е сосема спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, порачаа од СДСМ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека статистиката го демантира Мицкоски. Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница, според нив, пораснала за 3.473 денари од март до јули, додека просечната нето-плата за истиот период се зголемила за само 1.033 денари.

— реклама —

„Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа, а премиерот не дозволува минималната плата да се зголеми на 500 евра. Овие филмови на Мицкоски се само изговори за да не се покачат платите – за работниците трошки, а за власта луксузни возила, приватни авиони и егзотични овошја на државен трошок“, велат од СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

“Полицијата се претвора во партиски механизам”, СДСМ бара укинување на одредби од Законот за внатрешни работи

Македонија | пред 5 часа

media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

СДСМ: Скандалот со Дака потврда за корупција во енергетиката

Македонија | пред 7 часа

media-libraryohottvfn518t6ACHff3

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев не ги негираат снимките за Дака

Македонија | пред 8 часа

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Мицкоски дојде на власт со лаги за името

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања