Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Трамп издаде наредба за мобилизација на Националната гарда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Околу 1.700 припадници на Националната гарда се мобилизирани во 19 американски сојузни држави за да ѝ помогнат на Службата за имиграција и царина (ICE) и на Министерството за внатрешна безбедност, објави „Фокс њуз“. Овој потег претставува продолжение на политиката на претседателот Доналд Трамп да користи федерални сили за справување со криминалот и нелегалната имиграција, откако претходно оваа недела распореди Национална гарда во Вашингтон.

Војниците ќе бидат мобилизирани од август до средината на ноември, а Тексас, како клучна држава на границата, ќе има најголемо присуство. Гардијанците ќе дадат поддршка во управување со кризни ситуации, транспорт, логистичка помош и административни задачи, но ќе служат и како фактор на одвраќање од криминал. Процесот може да вклучи собирање на лични податоци, отпечатоци од прсти, ДНК и фотографирање на лица кои се во притвор на ICE.

— реклама —

Државите каде што се активира гарда се: Алабама, Арканзас, Флорида, Џорџија, Ајдахо, Индијана, Ајова, Луизијана, Небраска, Невада, Ново Мексико, Охајо, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Вирџинија и Вајоминг.

— реклама —

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, одобри војниците во Вашингтон да носат оружје и да вршат полициски задачи. Трамп изјави дека е задоволен од распоредувањето во главниот град и најави дека Чикаго и Њујорк би можеле да бидат следни. „Чикаго е хаос, со неспособен градоначалник. Ќе го средиме тоа. Граѓаните бараат интервенција,“ рече тој.

— реклама —

Трамп најави и федерализација на полицијата во Вашингтон, што е привремено овозможено со Законот за самоуправа на федералниот дистрикт. Тој потенцира дека неговите потези имаат поддршка од граѓаните, посебно, како што тврди, од афроамериканските жени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

iran

Пакистан посредува меѓу Иран и САД: Министерот за внатрешни работи пристигна во Техеран

Свет | пред 14 часа

— реклама —
iran

САД и Иран продолжуваат со преговорите: Виткоф и Арагчи патуваат во Швајцарија

Свет | пред 20 часа

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Иран воведе нови правила за пловидба низ Ормускиот теснец по договорот со САД

Свет | пред 1 ден

nafta-696x465-1

И покрај отворањето на Ормускиот теснец, светот се соочува со недостиг на нафта

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања