Свет

Терористот од Нов Зеланд обвинет за 50 убиства и 39 обиди за убиство

Австралиецот, кој беше уапсен поради масакрот во џамиите во Нов Зеланд, ќе се соочи со вкупно 50 обвиненија за убиство и 39 обиди за убиство, кога во петок ќе се појави пред судот, соопшти полицијата.

Тој треба да се појави пред Високиот суд во Крајстчерч Поранешниот фитнес-инструктор Брентон Тарант би требало околу обвиненијата да се изјасни лично пред судија во Крајстчрч. За таа цел, меѓутоа, тој нема да се појави лично во судот, туку ќе биде вклучен во судницата преку видео-врска од затвор, преку видео-линк во 10 часот по локално време во петок.

Доколку биде осуден, Тарант се соочува со доживотен затвор. Австралиецот го пренесуваше своето дело во живо преку интернет, со помош на камера поставена на шлем. Кратко претходно тој на интернет поставил памфлет со деснорадикални и расистички пароли, кои ги испратил и преку мејл. Полицијата сѐ уште проверува дали има основа и за други обвиненија. Таа зборува и за „терористички напади“.

Нападот извршен на 15 март се вбројува во најстрашните масовни убиства на вооружен поединец во Нов Зеланд.

Австралиецот за прв пат се појави пред суд на 16 март. Беше притворен без да се изјасни за вината.

 

 

На почеток