Магазин

Битолската група “Милениум” се подготвуваат за престојната австралиска турнеја

Битолската група “Милениум” веќе е при крај со своите подготовки за престојната прва австралиска турнеја. При гостувањето на Влатко и Стевче , членови од групата во Ин продукција, истакнаа дека речиси е се спремно за нивно заминување и настап пред македонците во оваа земја.

-Подготовките забрзано течат. Веќе се припрема репертоарот за таму. Во постојана комуникација сме со Ефто, затоа што ова е заедничка турнеја со Евто Пупиноски. Упатувам покана до нашинците во Австралија, да присуствуваат на нашите концерти затоа што ветуваме дека ќе бидат навистина добри, истакнува Влатко.

Како што истакнуваат двајцата пред се на нивниот репертоар ќе се најде исклучиво македонската песна, но и она што ќе биде побарано од нив.

-Репертоарот ќе биди македонска музика, од тие изворни македонски песни и ора, па се до она што сега е моментално ново, што се слуша.Разновиден ќе биде репертоарот , додава Стевче.

Според планираното на почетокот ќе следува концертен дел каде ќе настапа со свои песни, а потоа ќе следат песни од богатата музичка ризница. Турнејата започнува од 2 октомври па ќе трае цел месец.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток