Македонија

Собранието ја продолжува расправата за уставните измени

Собранието на Македонија денеска ја продолжува седницата на која се расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Премиерот Зоран Заев во текот на вчерашната седница изјави дека бил подготвен да разговара со опозицијата за да се дојде до консензус за ова прашање. „Сега само се утврдува потреба за отпочнување на уставни амандмани, ќе има понатаму гласање за нацртот, ќе имаме двотретинско гласање за уставните амандмани. Тоа е процес којшто ќе трае повеќе од 100 дена. Затоа уште еднаш како прв во извршната власт кажувам спремен сум да седнам со сите вклучитело и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да можеме да изградиме сценарио и консензус по ова прашање“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток