Македонија

Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

  Конференција за сиромашни и социјално исклучени лица ќе се одржи денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата.

На конференцијата, што ќе се одржи во Клубот на пратениците, меѓу другите, ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата ќе биде одбележан и на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје.

На настанот на Институтот, меѓудругото, ќе се зборува за сиромаштија во исхраната и материјална депривација во Република Македонија, за квалитетот на исхраната кај ранливи домаќинства во Македонија: наоди од квалитативно истражување, за статусот и предизвиците во функционирањето на јавните кујни во Македонија, како и за алтернативите во справувањето со сиромаштијата со храна.
Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток