Скопје

Без струја делови од неколку скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе бидат делови од општините Кисела Вода Чучер Сандево и Студеничани.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците Полог и Зеленгора, во општина Кисела Вода, од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. „Антон Димитров“ во Драчево, општина Кисела Вода.

Без струја од 08:45 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од селата Кучевиште, Побожје, дел од Љубанци, Бродец, Танушевци и Брест, во општина Чучер-Сандево.

Од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањео со струја ќе имаат корисниците од село Батинци ул. „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток