Спорт

Поставена новата гордост на „Борис Трајковски“: Амбициозниот семафор со желба да дојде на центар

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го доби својот прв семафор составен од четири ЛЕД екрани поставени над теренот. Мултифункционалниот семафор треба да ја „покрие“ секоја трибина и да го збогати и модернизира ликот на најголемата спортска арена во Македонија.

Најавен за почеток на сезоната новиот систем на ЛЕД екрани пристигна на почеток на септември, но проблемите околу неговата монтажа го одложија поставувањето за речиси еден месец. Главен проблем претставува статиката на салата, па затоа се уште семафорот не е монтиран на средина на ракометно игралиште.

Преку соопштение до медиумите, од спортскиот центар на почетокот на викендов информираа дека сите формалности околу поставување на првиот семафор од ваков тип се завршени. Но проблемите се уште не се решени, бидејќи сегашното решение го смести семафорот над првата четвртина од игралиштето за ракомет, а најгорните редови од бочните трибини имаат проблем со прегледноста на екранот поради висината на која е поставен. Службите работат на проблемот и во скоро време треба да се најде трајно решение за положбата на семафорот.

Само за потсетување ваков систем од ЛЕД екрани веќе има поставено во најмодерната спортска сала во Македонија, која е во склоп на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Семафорот поставен на центарот на теренот е поставен уште од самото отворање на новиот ракометен дом на Вардар пред четири години.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток