Спорт

И Бешикташ е пресилен за Металург, македонскиот тим реди порази

Металург нанижа уште еден пораз, овој пат во Лигата на шампионите во „Борис Трајковски“ загуби убедливо од Бешикташ со 30:22.

Ништо ново од Металург, македонскиот тим забележа уште еден пораз, втор во Лигата на шампионите. И овој пат ракометарите на Брестовац играа само во првото полувреме, а во вториот дел се случи голем пад во кој го загубија мечот.
Металург беше рамноправен противник во првиот дел иако Бешикташ најчесто водеше. Нашиот им имаше и предност од 12:11, но на полувремето се замина со предност на Турците од 14:13.
Во второто полувреме се случи тотален распад, Металург правеше грешки, а Бешикташ ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со високи 30:22.
Најефикасен во тимот на Металург беше Јагањац со седум голови, четири постигна Токиќ. Во тимот на Бешикташ три пати реализираше Прибак.
Следниот меч на Ливерпул во Лигата на шампионите е против Татран Прешов во недела, повторно во Скопје.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top