Со победа на гости во Приштина, македонската кошаркарска репрезентација го започна вториот круг од предквалификациите за ЕП 2021 година.
Во првиот меч од Б групата одигран во Приштина, македонските кошаркари слава победа со 73:76 против Косово со што избраниците на селекторот Јорданчо Давитков му се реваншираа на овој противник за минатогодишниот пораз во мундијалските квалификации
Црвено-жолтите одличо го отворија мечот па на самиот почеток имаа предност од 12:2 и највисоки 19:6. Но, сепак во продолжението наместо да продолжиме со нашата игра му дозволивме на противникот на ја намали негативата на 34-29
Во третиот период домаќините дури и поведоа (41:39), на што нашите кошаркари брзо возвратија со серија за нова предност од осум поени разлика.
И кога сите очекуваа дека лесно ќе го приведеме мечот до самиот крај, домаќините со неколку брзи поени стигнаа и до шанса да се изборат за израмнување.
Сепак нивниот најдобар играч Дардан Бериша кој реализира 32 поени, 7 секунди пред крајот, реализира две од трите слободни фрлања, за на спротивната страна нашиот капитен Војдан Стојановски ги погоди двете и да го постави конечниот резултат Македонија – Косово 79-76.
Во нашата селекција двајца кошаркари остварија дабл-дабл ефект. Бојан Трајковски постигна 17 поени, а имаше и 11 скока, додека Ричард Хендрикс на 10 поени придодаде 12 скока. Двоцифрен број на поени имаа и Дамјан Стојановски постигна 15 и Стојан Ѓуровски еден помалку (14).
Црвено-жолтите нема да имаат многу време за одбор бидејќи веќе во недела, ја пречекуваат селекцијата на Романија против која ќе играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот и 15 минути.