Магазин

Метју Меконахи откри дека го спасил синот од трагедија

Познатиот актер Метју Меконахи е во брак шест години со Камил Алвеш, со која има три деца, синовите Леви и Ливингстон и ќерката Вида. Иако ретко зборува за приватниот живот, 48-годишниот актер откри интересен детаљ од минатото во својот најнов телевизиски настап.

Имено, за време на еден излет со својата сопруга и тогаш шестмесечниот Леви, Метју за малку ќе доживеел голема трагедија.

„Отидовме на излет во планината Гранд Кањон. Се сместивме на едно место и почнавме семеен пикник. Идилата беше прекината во еден момент. Зад нас имаше голем муфлон. За да го спасам мојот син, морав да ѝ го фрлам тогаш шестмесечниот син на сопругата која стоеше на мал премин 4,5 метри под нас“, го почна своето непријатно искуство, кое, за среќа, заврши без последици.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток