Кога израелската пејачка Нета во мај победи на Евровизија со песната „Тоу“, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денес соопшти дека град домаќин на 64. издание на фестивалот ќе биде Тел Авив. По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим поради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18 мај 2018 година, а полуфиналињата се закажани за 14 и 16 мај, во „Експо центарот“ во Тел Авив.
„Сакаме да им се заблагодариме на сите израелски градови што се вклучија во трката за домаќин на Евровизија 2019 и на националната телевизија КАН што ни помогна да направиме темелна процена пред да донесеме конечна одлука. Сметаме дека Тел Авив го нуди најдоброто решение за најголемиот музички фестивал. Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната Евровизија најспектакуларна досега“, изјави Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ.
Израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.