Скопје

Приведен дилер на дрога од Скопје

Полицијата го приведе 39-годишниот Н.Ш. од Скопје под сомнение за неовластено производство и продавање дрога.

Според информациите на МВР, во средата по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај пријавениот Н.Ш. и при претресот пронајдени и одземени се алуминиумска фолија со растителна материја, две поголеми и две помали паковки, како и една најлонска кеса со растителна материја пресувана во разни форми, 10 пакувања со грутчеста-прашеста материја, една паковка со прашеста материја, неколку пакувања со вкупно 27 таблети во разни бои и форми, електричен блендер и пластичен сад со остатоци од непозната материја.

При преглед кај Н.Ш., пронајдена е и поголема количина пари, а по направеното вештачење констатирано е дека материјалот во пресувана форма со вкупна нето-маса од 447 грама претставува хашиш, а останатиот растителен материјал со вкупна нето-маса од 50 грама претставува марихуана. За преостанатиот доставен материјал дополнително ќе биде направено вештачење.

Во врска со случајот известен е дежурен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки за натамошно постапување, а Н.Ш. е приведен и задржан за понатамошна постапка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток