На крајбрежјето на островот Угљан за помалку од 24 часа се пронајдени две женски тела.
Од полицијата известуваат дека првото тело е пронајдено околу 18 часот во близина на р’тот Карантун, а во четвртокот околу 13 часот пронајдено е и второ тело, и истите биле во фаза на распаѓање повеќе од една недела.
Телата се пренесени во Задар на обдукција со цел откривање на идентитетот и причините за нивната смрт.
