Во текот на вчерашниот ден во Казнено-поправната установа „Идризово“ при извршен претрес на 27 -годишниот Е.Љ. од Скопје, лице кое издржувало затворска казна, во патика му биле пронајдени 40 пакувања со прашеста материја и истите му биле одземени, соопшти МВР.
Од полицијата наведуваат дека работат на целосно расчистување на случајот.
