Скопје

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Кисела Вода го немаат видено Темелковски

Граѓаните го немаат видено градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, една година, колку што е на функцијата, изјави денеска на прес-конференција Весна Бошковска од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека единствени кои го виделе се претседателите на месните заедници.

„Иако во изборната кампања ветуваше стотици проекти што би го подобриле животот на гражаните, од тоа нема ништо.
Ветена е нова градинка во Расадник, но сè уште нема, за нов булевар од Пинтија до Драчево, но нема. Пред изборите ја најавуваше гасификацијата како голем проект и тој не е започнат. Општинската администрација на чело со градоначалникот Темелковски остана глува на барањата на жителите за нова фекална и атмосферска канализација во Драчево“, рече Бошковска.

Таа додаде дека единствен проект со кој се реализирал е ваучерот за секое новороденче, што е проект на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток