„Според анализата на К5, излезеноста по скопските општини, е за 7 до 9 отсто помала одошто на Локалните избори 2017.
Веројатно, тој тренд ќе продолжи и до 19 часот. На локалните, во Скопје, гласаа околу 280.000 жители за скопски градоначалник.
Денеска ќе видиме колку и што сработел Петре на терен сосе неговите колеги-градоначалници од СДСМ. Односно, колку гласови се ,,стопени”“, пишува новинарката Јорданка Ивановска-Јоци.
„И после некој ќе каже – локални проблеми не се важеле. Охооо. Море, џигер вадат, камоли на избори да пресудат. Гувеј си, Петре, со другарите“, додава таа.
