Коментари

ЕМОТИВНA ПОРAКA: Престана да чука едно бесценето храбро срце – Тоше Илиевски

“Престана да чука едно бесценето храбро срце”

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Пораз за него, пораз за неговите, пораз за нас, немам сила да плачам на глас, те чуваме вечно во нас ти ангелу наш. Прости ми што не успеав во целта да ти одложам уште некое убаво време за дружба, но сигурен сум дека горе бесмртно ќе се дружиме брате.

Ти Благодарам што беше со мене уште пред 7 години кога беше најпотребно, ти благодарам за оние убави години како позрели тинејџери дење ноќе ти кај мене јас кај тебе во дружба родендени шмекање низ градов и кога се викавме БРАЌА сродни души со исти мисли. Тоше брате, не требаше да биде вака, но пак ќе речам, БОГ ГИ ЗЕМА НАЈДОБРИТЕ ПОРЕД НЕГО.

Рече дека пак ќе ни дојдеш да отсвириме заедно свадба, можеби тоа беше и последната свирка од тебе и тоа баш со нас Респекти во Њу Стар кои многу Те Сакавме и почитувавме за стореното за нас оддамна…Но не го исполни ветувањето и лут сум ти малку… Но горе, таму ќе се видиме брат мој!!!

Сочувство до неговото семејство, нека почива во мир нашиот најубав и прекрасен другар колега и роднина
Т О Ш Е И Л И Е В С К И.
Каков Лепотан од дечко не ми се верува, Божееее.

П.С Честитки до државата и здравството, сега сте посреќни без еден борец пациент кој си го сакаше животот бидејќи му беше мед и млеко, а сега радувајте се дека го нема” 

Фејсбук статус на Даниел Сидовски.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top