Коментари

Комити: Нема да сме мирни додека и третиот џелат не биде фатен

По објавувањето на пресудата за убијците на Никола Саздовски – Саздо, на Фејсбук се огласи навивачката група Комити.

„Брату наш, ти кој си на небеса нека твојата душа почива во мир, Правдата изгледа како да доаѓа, но нема да сме мирни се додека не ја истераме до крај!
Се додека и третиот џелат не биде фатен, казнет и заедно со другите двајца не го минат секој ден во наредните 19 години во страдање и покајание, барајќи прошка за тоа што си дозволија да одземат нешто што само Бог одлучува кога ќе одземе.
Но и потоа ќе бидеме тука за будно да следиме од првиот до последниот момент сите 6935 денови, 166400 часови, десетина милиони минути и шестотини милиони секунди.
Во време сме кога се кажува она што многумина сакаат да чујат, кога ветувањата се секојдневие, кога се можни секакви нешта, па токму затоа ќе почекаме да поминат најавените жалби и пресудата стане правосилна.
Не постои никаква утеха, не постојат завршни зборови кои може да ги заменат моментите минати со тебе, дружбите на трибина и надвор од неа, прегратките со твоите најблиски, не постои оправдување поради кое иднината е заменета со црна судбина која човек со такво срце и душа не ја заслужува…Тага која ниту еден родител не треба да ја доживее.
Но доколку ова е најава дека во оваа наша земја Македонска ваквите подмолни нешта ќе бидат соодветно санкционирани, со цел никогаш да не се повторат, барем за момент ќе си дозволиме да земеме длабоко здив, потоа да го испуштиме, испуштајки го низ него ќе излезе мало, ситно задоволство, низ очите повторно ќе протечат солзи а низ солзите ќе излезе мало олеснување…
Почивај во Мир јунаку !!!
Тука сме, тука си и ти, засекогаш дел од нас !!!“, стои во објавата на навивачката група Комити.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток