Македонија

(ВИДЕО) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра за да гласаат

ВМРО-ДПМНЕ одбра борба против неодоговорна власт, рече вечерва на прес-конференција генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев.

Тој нагласи дека структури на власт и нивни одработници вршат притисок врз пратеници.

„Собранието стана пазар и арена за уцени. Се апси поради полициски прогон и тргуваат со слободата, ветуваат награди за послушните, заплашување врз семејства на пратеници за да гласаат. Парламентот е  опкружен со ликови со бричени глави кои се познати во подземјето. На еден пратеник му понудија милион евра за да гласа, на друг 250 илјади евра, а на трет 2 милиони евра. Сето ова е одбиено“, истакна Јанушев.

Тој до пермиерот Заев упати прашање дали има алал во ваквите постапки.

„Свесен ли сте во каков амбис ја водите државата? Ова е преседан, не е ова за европска Македонија, ова е диктатура и насилие. Да им подадам признание на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не потклекнаа“, истакна генералниот секретар на партијата.

Тој сепак не сакаше да открие на кои пратеници им се нуделе пари и побара обвинителството да истражи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток