Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според Деловникот расправите траат до 18 часот, денешната седница ја сметаме за завршена

Согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку, стои во соопштението до јавноста упатено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека до 18:30 часот, не добиле никакво известување и поради тоа сметаат дека денешната седница е завршена.

„Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на Уставните измени“, се наведува во партиското соопштение.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воедно потенцира дека никој во Собранието, ниту надвор не смее да врши притисоци врз пратениците.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток