На 24.04.2019 година во периодот од 10.00 до 15.00 часот на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи Тетово реализирана е контрола на прекршоци направенио до страна на пешаците. Притоа, констатирани се 43 прекршоци што ги направиле пешаци (ТЕ-35 и ГВ-8), а најмногу се однесуваат на поминување коловоз надвор од пешачки премин или поминување на црвено светло.
Исто така, во текот на оваа контрола констатирани се и други 21 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-4) и тоа поголемиот број е за непрописно паркирање, возачи почетници, возачи без положен возачки испит.
На 24.04.2019 година од 10.00 до 15.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на пешаците кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле регистрирани 30 прекршоци, од кои 14 во Велес, 11 во Кавадарци и пет во Неготино.