На 24.04.2019 година околу 19.10 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце, на локалниот пат кој води за село Сетоле, запреле патничко возило „Ланд ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот С.И. од село Џепчиште, кое било натоварено со огревно дрво.
При извршена контрола било констатирано дека С.И. за возилото и дрвата не поседувал никакви документи, а на предната страна на возилото била поставена регистарска таблица од друго возило. Лицето било приведено и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.