Македонија

Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим!

„Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструкираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим“, рече претседателот Заев на вечерашната граѓанска трибина за поддршка на кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Заев рече дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.

Граѓанска трибина во Велес

Во живо од граѓанската трибина во Велес, заедно со идниот претседател на државата, Stevo Pendarovski.

Posted by Zoran Zaev on Thursday, April 25, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток