Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на с**т, Крстните страдања и заминувањето на Спасителот.
Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.
Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале”. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона/клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.
Овој ден е строг пост, односно консумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа денеска според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир… Поголемиот број христијани на денешен ден јадат варен зеленчук и овошје.