Македонија

Група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се за уставните промени, но со одредени услови

„Со верба во Македонија и нејзината иднина“ е насловот на соопштението на група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ што велат дека го прифаќаат предлогот на Владата за пристапување кон уставни промени, но под одредени услови.

„Ова не е конечна фаза во однос на уставните промени. Бараме уставен амандман со гаранција за македонскиот идентитет. Бараме уставен амандман што ќе се важи ако Грција не го ратификува договорот за промена на името, што ќе значи безусловно поништување на сите уставни промени и на Договорот од Преспа.

Името за внатрешна употреба да се менува постепено, во зависност од тоа како ќе се реализира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Прифаќање на иницијативата за простување на сите обвинети за настаните на 27 април и основање собраниско тело со план за национално помирување во рок од 30 дена“, се вели во соопштението на група пратеници дистрибуирано непосредно пред почетокот на собраниската седница на која со 80 гласа „за“ се усвои пристапувањето кон промена на Уставот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток